(ФОТО) Во одлично расположение – Пирс Броснан по 20 години сниман со својот син, од кого решил да се дистанцира поради зависност


Холивудскиот актер Пирс Броснан е фотографиран јавно со својот син Кристофер, повеќе од две децении откако го прекинале контактот поради неговите проблеми со зависноста.
Имено, двајцата се снимени за време на семејна вечера во ресторан во лондонскиот кварт Нотинг Хил, каде што им се придружил вториот син на Броснан, 28-годишниот модел Дилан.
Броснан, кој денес има 72 години и е најпознат по улогата на Џејмс Бонд, го посвоил Кристофер во 1986 година. Тој е биолошки син на првата сопруга на Пирс, австралиската актерка Касандра Харис, и нејзиниот поранешен сопруг Дермот. Откако Дермот починал, актерот ги посвоил Кристофер и неговата сестра Шарлот и се грижел за нив како да се негови деца. За жал, Шарлот починала во 2013 година од рак на јајниците, истата болест од која претходно починала и нејзината мајка.


Кристофер подоцна станал тежок зависник од хероин и кокаин, еднаш завршувајќи во кома по предозирање. Во 2005 година, Броснан признал дека морал да се дистанцира од својот син, наведувајќи дека тоа била една од најтешките одлуки во неговиот живот.
„Кристофер тогаш беше изгубен. Знаев каде е, но не можев да помогнам сè додека не одлучи да го промени својот живот. Се молев да го најде својот пат“, рекол актерот во интервју за „Плејбој“.

Според извор близок до семејството, нивното повторно појавување во јавноста покажува дека успеале да ги надминат долгогодишните разлики.


„Изгледаа среќно и опуштено. Беше убаво да се видат заедно по сè низ што поминаа“, рекол извор за „The Mirror“.
Пирс Броснан е татко на пет деца. Од првиот брак со Касандра, Харис има почината ќерка Шарлот и синовите Кристофер (52) и Шон (42). Со неговата сегашна сопруга, Кили Шеј Смит, има уште два сина – Дилан (28) и Парис (24).

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЛУКА ДОНЧИЌ СТАНА ТАТКО ПО ВТОР ПАТ: Славел во Словенија

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, стана татко по втор пат Неговата свршеница Анамарија …