(ФОТО) Во исчекување на третото бебе: Како изгледале излегувањата од болница на принцот Џорџ и принцезата Шарлот


Принцот Џорџ денес има четири години, а принцезата Шарлот е слатко двегодишно девојче…
Војводата и војвотката од Кембриџ се во исчекуваање на третото дете а единствено што е познато за доаѓањето на новиот член во семејството е дека терминот на породувањето на Кејт е во април.
Уште не се знае дали на свет ќе дојде девојче или момче, а не се познати ниту можните имиња иако за нив наголемо се шпекулира.
Но, пред болницата St. Mary веќе има поинакво регулирање на сообраќајот, а пристигнале и бројни обожаватели на кралското семејство кои меѓу првите сакаат да го поздрават новото кралско бебе.
Ние, по тој повод, се потсетивме како изгледале излегувањата од болница на принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Кога на јавноста и го претставила синот, своето прво дете, Кејт носела син фустан, а за излегувањето од болница со ќерката, Кејт се одлучила за фустан во жолта боја.
Џорџ денес има четири години а Шарлот е слатко двегодишно девојче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …