(ФОТО) Во Индија секое второ машко дете е сексуално злоставувано: Дете одбило да има секс, па сосетката му ги горела гениталиите!

Статистиките велат дека едно од две деца е сексуално злоставувано, а повеќето никогаш не пријавуваат. Во 52% од случаите жртвите се момчиња.

Педофилка од Индија е обвинета поради држењето во заробеништво на 13-годишно дете во својата куќа и нанесување на изгореници со вжештени клешти на неговите гениталии, откако тоа одбило да има секс со неа.
Мајката на детето, за тамошните медиуми открила дека сосетката, која што после инцидентот побегнала и е недостапна за полицијата, во повеќе наврати сексуално го вознемирувала нејзиниот син.
„Омажена девојка во доцни 20.тти години, го намамила момчето во својот дом минатиот петок, откако останала сама“, стои во соопштението на тамошната полиција и се додава дека е обвинета за нанесување на повреди на детето, киднапирање и заплашување.


Инаку, во вторникот 40-годишен маж ја убил својата сопруга која што одбила сексуално да го задоволи него и неговиот пријател во индиската држава Утар Прадеш.
Во сличен инцидент кој што се случил во април оваа година, 21. годишен маж киднапирал и убил 7.годишно момче откако тоа одбило да има сексуални односи со него во Делхи, Индија.


Инаку, во Индија, според статистиките секој час е злоставувано по едно момче.Статистиките велат дека едно од две деца е сексуално злоставувано, а повеќето никогаш не пријавуваат. Во 52% од случаите жртвите се момчиња.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три преводи на македонски јазик меѓу најдобрите преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година

Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски …