Ѕвездата на „Спасувачка служба“, Никол Егерт, била забележана како купува во Лос Анџелес.
Една од некогаш најубавите актерки на почетокот било тешко да се препознае додека се занимавала со секојдневните работи.
Битката со ракот физички целосно ја променил актерката. На Никол ѝ бил дијагностициран агресивен облик на рак на дојка минатиот декември.
View this post on Instagram
Резултатите од мамограмот и трите биопсии ги потврдиле нејзините стравови. Таа денес им порачува на жените да се грижат за себе и сериозно да ги сфатат мамографите и самопрегледите.
Никол ја играше спасителката Самер Квин во службата за спасување од 1992 до 1994 година.
Фото: Принтскрин/Instagram