Се поврзано со никогаш прежалената принцеза Дијана предизвикува внимание. Пред 27 години таа настрада во сообраќајна несреќа во Париз, а бројните обожаватели на нејзиниот имиџ и дело преку вештачката интелигенција покажале како би изгледала Дијана денес – ако судбината ѝ поделела поинакви карти.
Британците едноставно ја обожаваа принцезата Дијана и до ден денес таа се памети како најомилениот член на кралското семејство во поновата историја.
View this post on Instagram
Јавноста често го споредува изгледот на Камила и Дијана, коментирајќи дека Лејди Ди има вродена елеганција и отменост во себе и дека и денес никој не би можел да и парира на нејзиниот моден стил. Во светлината на крунисувањето на Камила, многумина се прашуваа како би изгледала Дијана, која во овој момент би имала 63 години.
Благодарение на модерната технологија и различните апликации и програми за уредување фотографии, вакво нешто повеќе не е невозможно да се предвиди. На социјалните мрежи кружи „уметничко дело“ од вештачка интелигенција, кое многу сликовито и „живо“ покажува како денес би можела да изгледа мајката на Хари и Вилијам.
На сликата создадена со вештачка интелигенција, таа носи гламурозен фустан од тул со сребрени светки и дијамантски висечки обетки и сè уште ја носи фризурата по која беше позната за време на нејзиниот живот. Нејзиното лице добило неколку брчки и малку се опуштило, но таа навистина не би се променила многу, барем така вештачката интелигенција ги гледа работите.
“COMO SI NADA HUBIERA PASADO”
El fotógrafo Alper Yesiltas usó la inteligencia artificial para recrear cómo se verían hoy grandes personajes como Lady Di, Freddie Mercury, John Lennon o Kurt Cobain si estuvieran vivos.📷 En la foto: Lady Di pic.twitter.com/hi2pAVhGSF
— Memoteca (@memoteka2) October 8, 2022
На оваа тема има и други дела од вештачката интелигенција, а на втората фотографија Лејди Ди е нешто помалку елегантна – таа е целосно побелена, има далеку повеќе брчки и пеги на лицето, но ја задржала својата препознатлива фигура.
Фото: Архива