(ФОТО) Веќе имаме фотографија на 2022 година: Цел свет во солзи!

Сликата на малиот Мустафа и неговиот татко Мунзир Ел Незел, на која и двајцата имаат широки насмевки на лицата, се „заканува“ да стане фотографија на 2022 година.
Мустафа и неговиот син веќе беа протагонисти на наградуваната фотографија со наслов „Тешкотијата на животот“ направена од турскиот фотограф Мехмет Аслан, која минатата година ја доби наградата во Сиена.
На фотографијата Ел Незел, кој ја загубил ногата во бомбардирањето во Сирија, во раце го држи својот син, роден без екстремитети.
Новата фотографија е направена за време на нивното слетување во Италија. Нивното пристигнување беше организирано од челниците на споменатиот фестивал.

„Доаѓаме, благодарам. Ја сакам Италија“, рекол шестгодишниот Мустафа, широко насмеан во видео пораката пред тој и неговото семејство – Ел Незел, мајката на момчето и двете сестри на една и четиригодишна возраст – да се качат во авион во Анкара, каде што живееле откако избегал од Сирија.


Нивната минатогодишна емотивна фотографија стигна на насловните страници на списанијата во Италија, а беше споделена милиони пати на социјалните мрежи. Ова ги поттикна организаторите на фестивалот да почнат да собираат средства за лекување на таткото и синот.

Организаторите на фестивалот стапиле во контакт со дипломати, болници, центри за рехабилитација и католичката епархија во Сиена за да бидат домаќини на едно сириско семејство а Мустафа и неговиот татко конечно да добијат протези кои ќе им овозможат нормално да одат, пишува Indianeewpress.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …