(ФОТО) Уживање за легендарниот глумец: Кирк Даглас (102) кампува во својот шатор а внукот го снима

Пролетниот воздух добро му дошол на добриот, стар, Кирк, а шаторот позициониран во неговиот двор наместо вреќа за спиење има мадрац, чаршав, перница и ќебе…„Малку да се одморам“, рекол славниот Спартак, ставил очила за сонце и опуштено легнал во 103. година во шатор. Можеби малку се заморил од вежбањето со личниот тренер или едноставно посакал на воздух да го мине пролетниот ден. Во секој случај, внукот Камерон даглас (40) ја снимил актерската икона како кампува во својот двор покрај базенот на Беверли Хилс и на Инстаграм ги споделил фотографиите и ги воодушевил следбениците.


„Овој неверојатен човек, мојот дедо, е инспирација на толку многу начини. Кампирање на 102. години“, напишал Камерон во описот на фотографијата.
Пролетниот воздух добро му дошол на стариот Кирк, а шаторот позициониран во неговиот двор наместо вреќа за спиење има мадрац, чаршав, перница и ќебе.



Холивудскиот глумец Кирк Даглас кон крајот на минатата година го прославил 102. роденден покрај сопругата Ен Боуден (99) на која округлиот јубилеј исто така опасно и се приближува, синот Мајкл (74) и неговата сопруга Кетрин Зита Џонс (49).


Најстариот член на многубројното семејство Даглас и понатаму секоја година традиционално прави прослава за својот роденден, а последната одлучил да ја прослави во својот дом на Беверли Хилс, од каде бројните фанови ги развеселил и со ова кампување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можна драма – Доналд Трамп уште еднаш се заканил дека ќе го депортира принцот Хари

Иднината на принцот Хари во САД повторно е тема на разговор бидејќи Доналд Трамп бил …