Актерката Мерил Стрип (75) била „фатена“ како разменува бакнежи со колега помлад од неа една година.
Актерката Мерил Стрип и актерот Мартин Шорт деновиве, на улиците на Њујорк, биле фатени во страсен бакнеж.
Облечени во фармерки и мантили, тие уживале во бакнувањето и речиси сите мислеле дека двојката конечно е подготвена да ја објави својата врска.
Имено, веќе долго време се шпекулира за нивната врска, а нивните претставници за печатот одбиваат да коментираат.
Сепак, се покажало дека во прашање се кадрите од снимањето на новата сезона од серијата „Само убиства во зградата“, и дека фотографиите всушност ги прикажуваат бакнежите на нивните ликови Оливер Патнам и Лорета Даркин.
Сепак, познатите ѕвезди биле забележани и како се смеат заедно помеѓу кадрите, а и како ги впиваат сончевите зраци додека тимот се подготвува за уште една сцена, и очигледно е дека двајцата уживаат во работата на серијата, но и дека хемијата постои дури и „кога камерите се исклучени“.
Овие фотографии доаѓаат во време кога со месеци се шпекулираше дека Мерил Стрип и Мартин Шорт се заедно, што тие цврсто одбиваат да го признаат и избираат да останат мистериозни.
Да потсетиме дека во март, „Page Six“ објави дека двојката е во врска повеќе од една година, повикувајќи се на извор кој рекол дека романсата ги изненадила.
Според медиумите, љубовта на Мерил и Мартин се случила сосема случајно и актерката едноставно не можела да му одолее.
– Мерил немаше друг избор освен да се заљуби во Мартин – вели анонимен извор. – Тој е господин, секогаш ја насмевнува и е целосно позитивна личност. Таа ужива да биде покрај него.
Како што истакнал изворот, ниту Мерил ниту Мартин не барале нова љубов, туку тоа едноставно им се случило. Со години се движеле во исти кругови и биле пријатели.
View this post on Instagram
Како што пишуваа медиумите, актерите биле поврзани со загуби.
Имено, сопругата на Мартин, Ненси Долман, починала во 2010 година, а Мерил исто така ја преживеа смртта на нејзиниот сопруг одамна во 1978 година, кога нејзиниот прв сопруг, Џон Касале, почина во нејзините раце.
По него, таа го запозна Дон Гејмер, со кого помина четири децении и од кого се раздели во 2017 година.
Иако е среќна со Мартин Шорт, двојката наводно нема планови за брак.
– Мерил е сè уште формално во брак со Дон, но дури и да се развела, тоа не е нешто што ги интересира неа и Мартин – вели изворот.
– Тие се среќни како дечко и девојка.
Фото: Принтскрин/Instagram