Кога Саманта Луис Тејлор пристигна на аудиција за филмот „Nowhere Boy“ (Никаде момче) во 2008. година, таа била многу возбудена. Тоа бил првиот долгометражен филм кој требало да го режира. Очекувала да види бројни двојници на Џон Ленон на аудицијата, но не и човекот на нејзиниот живот.
Еден од кандидатите за главна улога во тој полу-биографски филм за тинејџерските години на Џон Ленон бил 18-годишниот Арон Џонсон. И тој, кога ја видел Сем во собата, бил убеден дека еден ден ќе се ожени со неа. Но, тој не ја информирал за неговите планови.
„Се сеќавам точно на моментот кога ја видов. Јас точно знам што носеше. Имаше бела блуза што сè уште ја има во својот плакар, што јас ја обожавам“, открил актерот во интервју за Harper’s Baazar.
Во тоа време Сем имала 41. година, неуспешен брак со трговец со уметнички дела и две деца. Таа, исто така, имашела голема желба да успее во филмскиот бизнис по долгата и многу успешна кариера како уметник чии дела висеа во музеите ширум светот. Арон ја добил улогата, а остатокот, велат тие, е историја.
Иако сите ја забележале силната хемија помеѓу режисерот и главниот актер за време на снимањето, никој не реагирал. Се однесувале многу професионално. Но, кога паднала последната клапа, Арон одлучил дека е време да се стори нешто. Тој ја известил Сем дека таа ќе стане негова сопруга.
„Кога завршивме со снимањето, тој ми рече дека ќе се ожени со мене. И никогаш не бевме на состанок ниту некогаш сме се бакнале“, рекла во една пригода Саманта.
Тој ја запросил точно една година од моментот кога се сретнале, а судбоносното „ДА“ го изговориле на 21. јуни 2012. година, во Babington Haus во Сомерсет, пред најблиското семејство и пријатели. Тие меѓусебно ги споиле презимињата и ги смениле во Тејлор-Џонсон, а во меѓувреме станаа родители на две девојчиња.
Многумина се прашуваат која е тајната на нивната врска. Љубов, велат тие. Заедно прават сé што можат – заедно го напишале сценариото за филмот „A Million Pieces“ (Милион парчиња), а во последните 10. години не се разделени повеќе од два до три дена. Иако не зборуваат за нивната интимност, често, во медиумите или ја споделуваат на социјалните мрежи, тие се многу посветени еден на друг, а на црвениот тепих можете да се види колку нежен однос имаат.
И да, Сем и Арон, кои се во брак од 2012. година и се во врска нешто повеќе од 11 години, секој ден си кажуваат дека се сакаат.