(ФОТО) Уште една трагедија – Починал познатиот бодибилдер „Мутант“ (36), тој ги советуваше луѓето да не јадат исто како него

Светот на бодибилдингот загуби еден од најпопуларните членови, откако на само 36 години почина Белорусинот Илија Голем, попознат како „Мутант“.
Неодамна починаа многу познати бодибилдери, а за жал Голем им се придружи на великаните како Матеус Павлак, Синтија Голдани и Антонио Лес Брас де Соуза, кои починаа за краток период.
Иако не се занимаваше со професионален бодибилдинг, тој беше еден од најследените и најактивните спортисти на социјалните мрежи користејќи ги сите платформи. Причината за тоа беше големиот дневен внес на калории.


Илија Голем имал 165 килограми, а уште порано и самиот признал дека неговиот начин на живот не е здрав и дека ги советува своите следбеници да не го следат неговиот начин на живот, а тоа е огромен внес на калории дневно кој надминува 16.000 калории.

Иако причината за смртта сè уште не е потврдена, ваквиот внес на калории има фатални последици за органите како што е црниот дроб. Неофицијалните информации велат дека се работи за срцев удар.

Неговите фотографии и видеа на социјалните мрежи добија голема популарност поради неговиот изглед. Неговата тежина достигна 165 килограми, додека беше висок „само“ 1,85 метри. Неговите профили на социјалните мрежи сега се преполни со последни пораки и збогување од најблиските.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …