(ФОТО) УНИКАТНИ РЕАКЦИИ – Изразите на лицето на италијанската премиерка се инспирација за бројни шеги: Која си денес Џорџија Мелони?


Италијанската премиерка Џорџија Мелони, освен што е во јавноста поради низата политички одлуки кои ги носи, а кои се однесуваат на ЕУ и Италија, често е тема на социјалните мрежи и поради изразите на лицето кои ги снимиле камерите на бројни состаноци.
Така, списанието Politico посветило посебен текст на овој сегмент од Џорџија Мелони и напишале дека некои лидери се одлични говорници, но дека други можат да ги пренесат своите најдлабоки чувства само со поглед.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони тоа го покажала на последниот самит на НАТО во Вашингтон, кога камерите забележале конкретни изрази на лицето за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но и во моментите кога го чекала генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да пристигне во салата и американскиот претседател Џо Бајден.
Со оглед на тоа дека ова не е првпат италијанската премиерка да покажува, може да се каже, исклучително специфични изрази на лицето, магазинот Politico избрал неколку нејзини фотографии и додале описи кои најдобро би можеле да ги опишат.

„Кога рекоа дека состанокот ќе биде во 10 часот наутро, а сега е 10:30 и тие се уште не се појавиле“.


Друга фотографија, на која Мелони разговара со Сунак, е опишана:


Третата се однесува на изразите на лицето за време на говорот што го одржала на партискиот состанок.
„Кога ќе допрете храна во мијалникот додека ги миете садовите“


На четвртата фотографија повторно е поранешниот премиер на Велика Британија.

На една од фотографиите е и сега многу популарната сцена од средбата со Макрон.
„Кога ќе видите некој што сте слушнале да зборува за вас зад вашиот грб“

Во фокусот на магазинот беше и фотографијата од самитот на Г7.
„Кога сте долго време во паб и пријателите ве прашуваат дали сте добро“

Џорџија Мелони учествувала на самитот на НАТО во Вашингтон, а по тој повод на маргините на самитот се сретнала и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Освен Ердоган, Мелони остварила и голем број други средби со претставници на земјите членки на алијансата.

Фoтo: Принтскрин/www.klix.ba

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елеганција во црно: Кејт Мидлтон од глава до пети во една боја со посебен детаљ на реверот

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон за прв пат присуствувала на одбележувањето на Денот на примирјето, …