Иако поголемиот дел од црвената плажа е затворен за јавноста, мал дел е отворен за туристи кои за среќа на оние кои не ја посетиле оваа убавина сега можат барем да ја „посетат” на овој начин.
Црвеното мочуриште е живеалиште на многу животни и растенија, а кога ќе видите како изгледа веднаш ќе сфатите зошто бројни туристи доаѓаат барем накратко да уживаат во неговата убавина.
Коритото на реката Шуангтаизи во североисточна Кина, секоја година е посетувано од огромен број на туристи кои сакаат да се уверат во посебноста на нереалното црвено мочуриште.
Мочуриштето ја добива уникатната боја од “Suaeda maritima”, едногодишно растение кое расте во солените води.
Оваа необична билка прекрива 130 квадратни километри од мочуриштето во „тепих” со црвена и розова боја. Токму поради високата соленост совршено ѝ одговара мочуришното тло на Панџин, како и на бројните животни кои живеат таму, а во овој природен резерват има повеќе од 260 видови птици и 399 видови други животни.
Иако поголемиот дел од црвената плажа е затворен за јавноста, мал дел е отворен за туристи кои за среќа на оние кои не ја посетиле оваа убавина сега можат барем да ја „посетат” на овој начин.