(ФОТО) УМРЕЛ ОД ТАГА ЗА БРАТОТ: Еве како денес изгледа Џихангир од „Сулејман“ – подгрбавен во серијата, фраер и пол во реалниот живот

Серијата „Сулејман Величествениот“ беше толку популарна, моќна како и самиот султан своевремено, што за неа се зборуваше речиси десет години по нејзиното снимање. Се уште се следи секој чекор на главните протагонисти, знаеме каде се и што прават Халит Ергенч, Мерјем Узерли, Бурак Озчивит, а знаете ли како денес изгледа актерот кој го толкуваше принцот Џихангир?
Иако е исклучително привлечен во приватниот живот, Толга Сариташ се претворил во грбавец за потребите на серијата „Сулејман Величествениот“. Најмладиот син на моќниот падишах и султанија Хурем бил болен и умрел од тага за својот брат Мустафа, кој бил убиен од султанот.


Костимографите ја сошиле вештачката грпка од лесен материјал бидејќи актерот често морал да ја носи по десет часа дневно на сетот.
Иако беше личност со деформитет во популарната серија, во реалниот живот, онаа зад камерите, фановите на Толги не му давале мир. Наводно, во тоа време тој бил во врска со неговата две децении постара колешка Мелтем Џумбул, која ја играше Султанија Фатма.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Tolga Sarıtaş (@tolgasaritas)


‒ Сакам скромни и духовити девојки, но не верувам во љубов на прв поглед. Најдобрите врски се оние кои се родени од пријателство. Карактерот ми е поважен од изгледот. Тешко е да се најде подобра половина кога сте медиумска личност, бидејќи многу луѓе само сакаат да ве искористат за да ги добијат своите пет минути слава – изјавил тој во една пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tolga Sarıtaş (@tolgasaritas)

Дали згодниот актер моментално е во врска, тешко е да се каже. На Инстаграм, каде има 6,5 милиони следбеници, тој објавува главно соло фотографии или со својот миленик, некои се од снимање или патување, но не го открива својот емотивен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tolga Sarıtaş (@tolgasaritas)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Посетете лекар – Еден симптом на дијабетес може да се забележи во очите

Како што многумина знаат, дијабетесот е сериозна и обично доживотна состојба поради која нивото на …