(ФОТО) Украина не ја прими, но во мај ќе пее на Евровизија

Самоилова веќе ги почнала подготовките за Лисабон, а нејзината песна ќе биде објавена наскоро.

Рускиот Канал 1 потврдил дека Јулија Самоилова ќе ја претставува Русија на евровизискиот натпревар што годинава ќе се одржи во Лисабон од 8. до 12. мај. Лани, Јулија доби забрана од Киев за настап.
Според информацијата на официјалната страница на Евровизија, Самоилова веќе ги почнала подготовките за Лисабон, а нејзината песна ќе биде објавена наскоро.
Јулија Самоилова беше избрана да настапува на Евровизија 2017. во Киев, но тамошните власти и забранија да допатува во земјата, со образложение дека таа наводно нелегално влегла и настапила во Крим во 2015. година, а освен што го посетила Крим откако Русите го анектирале, таа пишувала и по социјалните мрежи за Украина и за власта.
Лани победа на Португалија и донесе младиот Салвадор Собрал, на кого неодамна му беше извршена трансплантација на срце.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Убавината на руските марами

Марамите во Русија отсекогаш биле голем хит. Нивната првична намена е да ја загреат глава …