(ФОТО) Убава како ангел: „Барбиката“ од ОИ изгледа нереално, а ја засака цел свет

Убавата Украинка, атлетичарка од Олимписките игри, привлече големо внимание со својот изглед.
Украинката Јулија Левченко е занесна атлетичарка на Олимписките игри во Париз, а ја нарекуваат и „кралица на спортовите“. Убавата русокоса ја израдувала Србија поради гестот кон Анџелина Топиќ, со кој ги освои сите срца и стана уште поинтересна.
Русокосата Јулија е родена во Бахмут и има 26 години. Таа е многу успешна во тоа што го работи. Уште како мало девојче покажала голем талент и за очекување беше еден ден да се прослави во светот на спортот и убавината да не биде единствената работа по која ќе ја препознаваат.


Првиот успех го постигнала во 2013 година со освојување на 13. место на Светското првенство за јуниори во Доњецк, а во 2014 година успеала да го освои златото на младинските олимписки игри во Нанкинг.
Забележителен резултат постигнала и во Белград во 2017 година, кога ја освоила бронзата на Европското првенство. Светското првенство во атлетика и донесе сребрен медал, а во 2019 година го освои високото второ место во Глазгов.


Иако нејзината кариера беше доведена во прашање поради воената состојба во нејзината земја, Јулија продолжи понатаму и еве ја денес на Олимписките игри во Париз.

Многумина коментираат дека таа е најубавата спортистка што ја виделе, а моментално има околу 500.000 следбеници на Инстаграм.
Погледнете како изгледа кога не е на атлетската патека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YULIIA LEVCHENKO (@levchenkou)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литвански филмови во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм вечерва во Кинотека

Вечерва во рамките на четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм, во Кинотека …