(ФОТО) Црнка со занесни облини е девојка на првакот на Формула 1: Луис Хамилтон се вљубил во механичарка!

Новата девојка на првакот на Формула 1, Луис Хамилтон е Захра Елис, модел и механичарка.
Захра Елис е занесна бринета со раскошни облини но и дизајнерка на долна облека, а она што е необично за девојката – таа е врвна механичарка.


Парот е првпат виден заедно како се враќа од роденденската забава на глумецот Кевин Харт, а папараците и јавноста веднаш „полуделе“ по моделот од Инстаграм, Захра. Имено, убавицата се прошетала во тесен комбинезон од латекс кој совршено ги истакнал нејзините облини.


Токму на сметка на својот сексипилен и многу сензуален изглед Захра успеала да собере повеќе од 1. милион следбеници на Инстаграм, на кој се рекламира самата себе, но и креациите на долна облека…

Пред 25. годишната девојка да го заведе Луис Хамилтон и да стане интернетска сензација, Захра водела доста необичен живот – била механичарка.
Девојката е порасната во Мајами а како тинејџерка се приклучила на американската војска, каде почнала да работи како механичарка за моторите на воената морнарица. После 4. години минати во војска Захра одлучила да го „наплати“ својот изглед, па во рекорден број собрала милион следбеници и станала инфлуенцерка.
Според фотките на папараците се чини дека и Хамилтон е подеднакво воодушевен со нејзините болини, како и фановите бидејќи не ги тргнувал очите од својата девојка.
Пред неа возачот на Фирмула 1 бил во долгогодишна врска со Никол Шерзингер, а после прекинувањето со пејачката излегувал со многу модели и манекенки. Захра е најновиот избор на светскиот шампион.
Захра била поврзувана и со Олимпиецот Усеин Болт, а видена е и како разменува нежности со него,но тие гласини никогаш не биле потврдени. Токму спротивното – Болт рекол дека се само пријатели.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) И’ по смртта донира: Пејачот минатата година донирал два милиони фунти

Покрај бројните уметнички дела, тој го поседуваше и пијаното на Џон Ленон… Поминаа осум години …