(ФОТО) ТОЈ Е САМО БЛЕДА СЕНКА НА ЧОВЕКОТ КОЈ НЕКОГАШ БЕШЕ: Ќерката на Брус Вилис проговорила за тешката состојба на нејзиниот татко

Ќерката на Брус Вилис за медиумите раскажала за состојбата на познатиот актер сега, како и за личната болест со која се соочува.
Познатиот актер Брус Вилис (69) уште еднаш ги растажил обожавателите ширум светот. Тој е само бледа сенка на човекот каков што беше. Откако лекарите му дијагностицираа деменција, тој се повлече од светот на филмот, а времето го поминува со семејството – сопругата Ема и нивните ќерки, но и поранешната сопруга Деми Мур и ќерките кои ги имаше во бракот со неа.
Неговата ќерка Талула, која ја имаше со Деми, проговорила за вистинската состојба на Вилис и го расплакала целиот свет.
– Стабилен е, што е добро во неговата ситуација. И тешко е – има болни денови, но и толку многу љубов околу вас. Од татко ми научив дека ниту еден момент не треба да го земам здраво за готово и се трудам што почесто да бидам со него. Тој не знае, но верувам дека би се гордеел со мене – изјавила таа, пренесува „Daily Mail“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah willis (@buuski)


И’ самата е болна
Неколку месеци откако било откриено дека Брус боледува од тешка болест, се огласила и Талула, на која минатата година на 29-годишна возраст и бил дијагностициран аутизам.



– Долги години ми ставаа погрешна дијагноза, па конечно дознав од што боледувам дури на 29 години. Јас сум високофункционална аутистична личност, премногу сум чувствителна особено на надворешни дразби, а луѓето мислеа дека тоа е мојот начин на комуникација – изјавила таа.

Како што нагласила ќерката на познатиот актер, ова не е прв случај со години да талка од доктор на доктор додека конечно не и ја дале вистинската дијагноза. Таа открила и како се чувствувала кога и кажале од што боледува.

– Беше многу емотивно. Тоа беше олеснување. Да бидам искрена, многу се мразев себеси, мислев дека сум многу скршена, ми се гади иако постојано ми велеа дека сум добро. Сега ми е полесно бидејќи знам за што се работи и како да се борам со себе и со светот – искрена била Талула.


На Вилис му беше дијагностицирана афазија во април 2022 година, а 6 месеци подоцна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

– За жал, комуникациските предизвици се само еден од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, олеснување е конечно да имаме јасна дијагноза за да знаеме што да правиме – изјавила тогаш неговата сопруга Ема.

Не постои лек за оваа болест, а најчестите симптоми се:
– промена во личноста и однесувањето
– потешкотии во говорот
– проблеми со меморијата
– повлекување во себе

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …