(ФОТО) „The Rock” заглавил во Порше: Не е убаво ниту да си толку крупен!


Двејн Џонсон се заглавил во уште еден автомобил од соништата.
Акциониот спектакл „Red Notice“ наишол на нови проблеми. За нив е виновен Двејн Џонсон, односно неговото тело. Имено, поранешниот борач и еден од најплатените актери е едноставно преголем за да се смести во супер спортски автомобил.
По неколкумесечен прекин на снимањето поради пандемијата, во септември повторно започна да се работи на филмот. Купено е и Porsche Taycan, еден од најбараните електрични автомобили на денешницата, а The Rock требало да направи акциона сцена во него. И да ја скратиме целата приказна, сцената никогаш не била снимена бидејќи потерата запрела точно на почетокот – актерот заглавил во автомобилот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)


Продуцентот планирал сцена на потера во која Двејн скока од Порше. Скапиот Тајкан бил купен и предаден на локацијата за снимање и токму кога Двејн требало да скокне, сфатиле дека тој е едноставно премногу голем, дека рамената му се премногу широки. По неопходните измени во акцијата, сцената сепак била снимена.
Со буџет од 188 милиони американски долари, акциониот филм Red Notice е еден од најскапите филмски проекти во историјата на Нетфликс. Заедно со Двејн Џонсон, главната улога ја доби и Гал Гадот, а во филмот се појавува и Рајан Рејнолдс.


Да потсетиме, Двејн Џонсон веќе имал проблем со тркачките автомобили. Пред околу пет години, тој се пожалил дека не го собира во „LaFerrari“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МНТ ќе биде изведена театарската претстава „Народен пратеник“

Вечерва во Македонскиот Народен Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена …