Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (37) вчера го освои златото во сингл за мажи на Олимписките игри во Париз, откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со резултат 7:6, 7:6.
View this post on Instagram
Тоа беше првиот олимписки златен медал во кариерата на Ѓоковиќ, со што го комплетираше Златниот слем, односно ги освои сите четири гренслема и олимпиското злато.
View this post on Instagram
Досега во историјата на тенисот во тоа успеале успеале само Штефи Граф, Андре Агаси, Рафаел Надал и Серена Вилијамс.
View this post on Instagram
Дури и пред олимпиското злато, Ѓоковиќ за многумина беше најголемиот во историјата откако освои 24 Грен слема, седум финалиња на АТП, Дејвис куп, 40 Мастерси и Златен Мастерс.
Дури 428 недели по ред беше на врвот на АТП листата дури 13 години, а вкупно има освоено 72 големи трофеи.
Со златен медал од Олимписките игри може да се пофали и Шпанецот Рафаел Надал, кој освои 22 Грен слема и 36 Мастерси. Сепак, тој не освои ниту едно АТП финале и има освоено вкупно 59 големи трофеи.
Роџер Федерер ја заврши својата голема кариера без олимписко злато. Швајцарецот има најлоши бројки во споредба со Ѓоковиќ и Надал откако има освоено 20 Грен слем и 28 Мастерси. Тој исто така освои шест финалиња на АТП и има вкупно 54 освоени големи трофеи.
Фото: Принтскрин/Instagram