Долгоочекуваното обединување на екипата на популарната серија „Пријатели“ е одложено поради пандемијата на корона вирусот…
Специјалната епизода ќе биде снимена следната недела на првобитната сцена во Бурбанк, Калифорнија, а ќе се емитува во мај.
Не е одреден новиот датум за снимање, а HBO Max одби да ја коментира новата ситуација.
Епизодата, во која се претставени сите шест Пријатели – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер – се чини дека привлече милиони гледачи на HBO Max.
Ниту еден од пријателите сè уште не се огласил на социјалните мрежи. Комичната серијата престанала да се снима во 2004. година а во 2018. година беше втора најгледана на Нетфликс како реприза.