Принцот Хари и Меган Маркл првпат се појавиле во јавноста откако се вратија во САД по погребот на кралицата Елизабета Втора.
Двојката уживалс во концертот на пејачот Џек Џонсон во Калифорнија.
Војводата и војвотката од Сасекс стоеле во специјално ограден простор со уште десет луѓе со кои биле видени како разговараат, пренесува TMZ.
Хари и Меган танцувале и си разменувале нежности, а принцот во еден момент ја прегрна сопругата околу половината.
Да потсетиме, неодамна беше објавен нов портрет на кралското семејство на кој се гледаат кралот Чарлс Трети, Камила, принцот Вилијам и Кејт, додека Хари и Меган беа изоставени, иако во тоа време беа во Велика Британија.
View this post on Instagram
Само два дена подоцна, на интернет се појавија фотографии на кои Хари и Меган позираат насмеани.
Фото: Instagram