LINCOLN Continental спаѓа во редот на најлуксузните американски лимузини, а сега авторот одлучил да и подари специјална изведба достојна на најдобрите деловни лимузини на светот.
А тука Америте претерано не се вознемируваат со погонскиот мотор, па дури ниту со перформансите. Единствено битно е да му е удобно на сопственикот, а тоа во американски стандарди значи ништо помалку од кралски комфор. Славеничкото издание на лимузината која инаку стартува со цена од 46.000 американски долари како што самото име говори, има контра отворање врати. Coach Door Edition при тоа за жал од очигледни причини го задржува Б носачот, па е веднаш пропуштен потполниот впечаток на каков што сме навикнале од Линколнот.
Меѓутоа, опремата внатре е првокласна, а тргнува со „Perfect Position” седиштата подесиви на 30. начини, врвен аудиосистем и активен систем за контрола на вибрациите. Да кажеме и дека размакот помеѓу осовината е продолжен за 152,4 мм. Вметоците од племенито дрво се подразбираат, како и стативот за преносен компјутер.
Под капакот има 3.0 V6 twin-turbo s 406 KS i 542 Nm.
И внимавајте сега. моделот кој во наредната година ќе биде произведен во само 80. примероци по повод 80. роденден на моделот Continental ќе има цена од само 100.000 долари. Во Америка се колебаат над „жешката цена“ не знаејќи дека за тој износ „преку барата“ не се нуди многу повеќе. Напротив.
Фото: Lincoln