Поранешниот тенисер Борис Бекер (56) тајно се оженил со Лилијане де Карваљо (34).
Германскиот Vogue ги објави првите фотографии од венчавката во Портофино. Борис Бекер бил во беж костум со црна машна, додека Лилијан блескала во романтична венчаница со отворени раменици. Според угледниот моден магазин, на церемонијата присуствувале 85 гости.
„Знаев што сакам, но венчаницата мораше да се вклопи во амбиентот. Откако се одлучивме за Портофино, се јавив на мојот пријател Андреа Равиели. Тој е многу креативен, работи во модната индустрија и сме многу блиски од школувањето во Рим.Бевме тинејџери кога, додека тој црташе фустани, му реков дека еден ден кога ќе се омажам, ќе ми ја дизајнира венчаницата“, изјавила Лилијана за германски Vogue.
View this post on Instagram
Лилиан де Карваљо, менаџер за проценка на политичкиот ризик, е родена во Сао Томе и Принципе, Африка. Нејзиниот татко бил министер за одбрана. Се школувала во Рим и Лондон, има три универзитетски дипломи, зборува пет јазици и е сопственик на миланската компанија Monforte Communications.
View this post on Instagram
Тие заедно се преселиле во Милано откако Бекер бил ослободен од затвор, каде што отслужил осум месеци од две и пол години затвор за измама на сопствениот банкрот.
View this post on Instagram
„Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе останам со неа“, изјавил познатиот германски тенисер и поранешен соработник на Новак Ѓоковиќ.
Фото: Принтскрин/Instagram