Никој не очекуваЛ таа да биде во центарот на вниманието на крунисувањето на кралот Чарлс III, но светот масовно се прашува која е таа.
Кралот Чарлс III. Кралицата Камила. Принцовите Вилијам и Хари. Кејт Мидлтон. Ова, меѓу другите, се имињата кои очекувавме да го привлечат вниманието на церемонијата на крунисувањето. Но, една жена привлече повеќе внимание од сите заедно, барем на социјалните мрежи. Запознајте ја Пенелопе Мари Мордоунт, жената со меч.
View this post on Instagram
Додека изминатиот викенд се појавија слики од Вестминстерската опатија, оваа жена во син фустан ги ИСПОЛНИ социјалните мрежи. Таа можеби е непозната за повеќето луѓе кои живеат надвор од Велика Британија, но во последните години таа е многу активна во политичкиот живот таму.
Penny Mordaunt dressed like she's about to go stab a Lannister. #coronation pic.twitter.com/D8fmVQPkBk
— Tom Donnelly-Sutton 🔶️🇬🇧🇪🇪🇺🇦⚪🔴 (@PushTheSutton) May 6, 2023
Нејзиното извонредно патување започнало кога за прв пат била избрана во 2010 година за конзервативен пратеник во Парламентот за изборната единица Портсмут Север. Оттогаш таа има голем број истакнати улоги во владата, а нејзините поддржувачи би рекле дека оставила неизбришлива трага во британската политика.
View this post on Instagram
Пенелопе се искачила на неколку високи позиции, вклучително и државен секретар за меѓународен развој и државен секретар за одбрана. Некои рекоа дека нејзината непоколеблива посветеност на јавните служби и вербата во моќта на политичкиот ангажман биле дефинирачки карактеристики на нејзината кариера. Таа сега може да биде запаметена по тоа што за време на крунисувањето носела голема сабја.
Како прва жена на функцијата министер за вооружени сили во Велика Британија, таа се покажала како пример за идните генерации жени во политиката. Мордоунт е и резервист во Кралската морнарица.
Пенелопе се омажила во 1999 година додека уште студирала, но се развела од сопругот само една година подоцна. После тоа била во врска со бизнисменот Јан Лион. Нејзиното хоби се астрономијата, сликарството, танцувањето и музиката. Таа е горда сопственичка на неколку мачки. Кога започнала руската инвазија на Украина, таа однела бегалец од Украина во својот дом.
Во јули минатата година полицијата ги истражувала смртните закани кои ги добивала Пенелопе, а по едно заканувачки писмо што го добила, ги зголемила мерките за безбедност.
View this post on Instagram
Мечот го држела точно 51 минута, а тежи 3,6 килограми.
Фото: Принтскрин/Instagram