Синоќа во Мексико Сити се одржа 73-от избор за Мис Универзум
Во избор од 125 натпреварувачки, ласкавата титула Мис Универзум ја освои Викторија Кјер Теилвиг, со што стана првата Данка во историјата на ова големо натпреварување што ја освоила титулата.
Викторија има 21 година, таа е професионален танчер, претприемач и иден адвокат. Круната и ја врачи поранешната Мис Универзум, Шенис Паласиос од Никарагва.
View this post on Instagram
– Продолжи да се бориш, без разлика од каде доаѓаш. Стојам овде вечерва затоа што сакам промена. Пишувам историја и тоа го правам сега – изјавила Викторија по освојувањето на круната.
Таа стана првата победничка на Мис Универзум од Данска и првата Европејка што ја однесе оваа ласкава титула во последните години.
Викторија се залага за ментално здравје и заштита на животните, што веќе добило меѓународно признание.
Прва придружничка беше Чидима Адецина од Нигерија, додека втора придружничка беше Марија Фернанда Белтран од Мексико.
Фото: Принтскрин/Instagram