Меган Маркл, војвотката од Сасекс, би можела да стане најплатениот инфлуенсер во светот.
Откако Spotify го откажа својот подкаст, се шпекулира дека сопругата на принцот Хари ќе потпише со Диор и ќе стане нивно заштитно лице. Daily Mail пишува дека војвотката на тој начин би можела да стане најплатената инфлуенсерка во светот и да ги надмине имињата како Ким Кардашијан и нејзините сестри.
Меган би можела да заработи милиони од соработка со Диор, чии креации често ги носат и таа и Хари од неодамна.
View this post on Instagram
Меган, доколку се врати на социјалните мрежи, може да земе по 250.000 долари за една објава. Гласините за нејзиното станување инфлуенсер започнаа откако војвотката почна да се дружи со Викторија Џексон, жена која е меѓу најголемите имиња во маркетингот во САД.
View this post on Instagram
Нашироко се шпекулира дека Меган повторно ќе го лансира својот блог за начинот на живот, The Tig, кој го затвори пред да се омажи за членот на кралското семејство.
Фото: Принтскрин/Instagram
