(ФОТО) Судска одлука – Поради тврдењата дека Брижит Макрон е всушност маж, две жени треба да и платат отштета

Две жени кои тврделе дека сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон е родена како маж, судот ги казнил за клевета.
Имено, тие тврделе дека француската прва дама всушност е родена како Жан-Мишел Троњо, пред конечно да го започне животот како жена на 30-годишна возраст. Покрај тоа, тие изјавиле дека таа не родила ниту едно од нејзините три деца, а нејзиниот прв сопруг, 69-годишен пензиониран банкар, кој наводно починал како пустиник во 2020 година, се вели дека никогаш не постоел.
Тие ја објавиле својата приказна на YouTube во 2022 година, а нивната теорија стана вирална.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Brigitte Macron (@brigitte.macronoff)


Судот сега пресудил дека гласините се лажни и наредил Амандин Рој, 52-годишна видовита и Наташа Реј (48, која се претставува како хонорарна новинарка, мора да платат отштета од 8.000 евра на првата дама на Франција, за давање лажни тврдења дека е трансродова.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brigitte Macron (@brigitte.macronoff)

За степенот на нивното тврдење говори и фактот што самиот Емануел Макрон го коментирал случајот.
Тој во едно интервју рекол дека тврдењата на трансродовите за неговата сопруга се типични за мизогинистичките онлајн напади со кои жените треба да се справуваат секој ден.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џенифер Анистон ја отворила вратата од својот дом во Бел Ер: Прозорци од подот до таван и многу растенија

Џенифер Анистон ретко пружала поглед на својот дом… Џенифер Анистон на следбениците на Инстаграм им …