(ФОТО) СТАЛОНЕ ПОВТОРНО СЕ ПОДМЛАДИЛ: Актерот не ги прифаќа годините во 8-та деценија од животот

Силвестер Сталоне е фотографиран на одмор со семејството во Италија, а папараците уловија нов детал на познатиот Роки Балбоа


Се чини дека 78-годишниот филмски магнат се подложил на трансплантација на коса, што се гледа додека ужива во прекрасната глетка на Нерано со неговата сопруга Џенифер Флавин (56) и нивните три ќерки: Софија (27), Сикстин (26) и Скарлет (22), пишува Daily Mail.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)


Сталоне нежно ја прегрнал Џенифер додека крстосуваа по кристално чистите води со пријателите, пред да тргне на брегот на вечера, а неговата коса изгледала погуста од кога било.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Семејството Сталоне било во одлично расположение, насмеани додека уживале во заедничкиот оброк на отворено. Силвестер покажал дека изгледа одлично во осмата деценија од животот и дека се грижи својот изглед да го задржи младешки покрај 22 години помладата сопруга.

Силвестер е во брак со Џенифер од 1997 година, што е вистинска реткост во Холивуд, иако и тие поминале низ многу подеми и падови. Тој со објава на Инстаграм минатиот месец и го честиташе роденденот на својата сопруга. Под фотографијата од младоста, додека уживале во Црна Гора во 1990 година, тој и пратил трогателни зборови. „Среќен роденден на мојата сопруга, Џенифер! Јас и децата мислиме дека си апсолутно неверојатна. Ве сакаме засекогаш”, напишал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со проекција на играниот филм „Дете од војна“ започнува „Недела на романски филм“ во Кинотека

Од 14-18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во …