(ФОТО) Стајлинг за 10: Кој нема да ги сака чизмите и палтото на Џенифер Лопез: Зимски стајлинг што воодушевува!

Пејачката совршено ја понела оваа комбинација
Џенифер Лопез објави фотографија на Инстаграм во аутфит што е апсолутен моден хит.
Покрај тоа што боите се природни, земјени и неутрални, совршено се вклопуваат, а секое поединечно парче е ремек-дело само по себе.
Пуфнестиот „мече“ капут во какао брао нијанси е со совршен крој и одлично и прилега, а чизмите во светло крем нијанса, чиј горен дел е направен од крзно, со висока потпетица – едноставно се совршени. Секси, одмерено и шик и носливо со скоро сè и за секоја пригода.
Стајлингот на пејачката зрачи со умереност и сексапил, а во исто време е практичен и многу нослив. Па, како ќе направите подобро!

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Музичката дива навистина заслужува секоја пофалба за овој стајлинг.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второ издание на конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“

На 24-ти и 25ти јануари во Скопје, Здружението за едукативен развој Еквалис ја организира втората …