(ФОТО) „Срцето ми остана во Егејот“ – нова турска серија премиерно од 10-ти октомври на Dizi

„Срцето ми остана во Егејот“ е турска романтична комедија од 2015-та година произведена од компанијата Limon Film. Алпер Салдиран, Оја Унусташи и Ерен Хаџисалиоглу се тројцата извонредни актери кои ги толкуваат главните ликови, Мустафа, Зелис и Јаман.
Приказната започнува откако баба Ираз ќе испрати писмо до Зелис и Мустафа, кои живеат во Истанбул, и ги поканува кај неа. Баба Ираз вели дека има уште 2 месеци живот и дека сака двајцата да се венчаат, а доколку бракот продолжи, тие ќе ја наследат нејзината нива вредна 40 милиони турски лири. Но, бидејќи Мустафа и Зелис се двајца луѓе со комплетно спротивен начин на живеење, тие првично одбиваат да се венчаат.

This image has an empty alt attribute; its file name is KEK-1BLM-226.jpg
Но, сепак со 40 милиони турски лири кои им се смешкаат од блиската иднина, Зелис и Мустафа одлучуваат да се венчаат за да го добијат наследството. Тие прават краткорочен брачен план и организираат свадбена прослава. Меѓутоа, Зелис и Мустафа, кои набргу дознаваат дека баба Ираз всушност нема 2 месеци живот, туку е сосема здрава, мораат да останат во брак по што започнува вистинската авантура во серијата.
Алпер Салдиран, главниот актер во серијата, на сцена за првпат се застанал на 5-годишна возраст со претстави што ги играл во градинка; веднаш потоа се свртел кон фолклорот, особено кавкаските танци. За време на основното училиште без прекин продолжил и со театар и со танц. Својата прва важна улога на малите екрани ја добил во 2010-та година, по што набргу започнал да се појавува во сѐ повеќе главни улоги.


This image has an empty alt attribute; its file name is KEK-1BLM-227.jpg
Оја Унусташи, хероината во „Срцето ми остана во Егејот“, е актерка и модел која публиката ја запознава во 2011-та година. Таа беше една од најдобрите 20 на натпреварот за Мис Турција во 2013 година.
Ерен Хаџисалиоглу е познат турски актер кој својата кариера ја изградил играјќи во многубројни филмови и серии. Детството го поминал во Анкара иако потекнува од Трабзон, каде што и се заљубил во актерството. Првото актерско искуство му било во серијата „Мави пеперутки“во 2011-та година.

This image has an empty alt attribute; its file name is KEK-1BLM-228.jpg
Дали Зарис и Мустафа ќе успеат да го добијат посакуваното наследство, откријте во епизодите од „Срцето ми остана во Егејот“ кои од 10-ти октомври, ќе се емитуваат секој ден од 21:25 на каналот Dizi.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОБЕДНИК ЗА САМО 1 СЕКУНДА – Екстремно опасни каскадерски предизвици во полуфиналето на адреналинското шоу ТРИУМФ

Во Македонија постои неофицијален стереотип: сѐ интересно и важно се случува само во странство, но …