(ФОТО) СРЕЌНА ОД РАЃАЊЕ: Бебе родено во авион добило подарок – БЕСПЛАТНО „да лета“ цел живот!

EgyptAir објавил дека ќе додели доживотни авионски билети за нивните летови на девојчето родено на летот MS777.
Бебето, кое е родено во авион на EgyptAir, добило бесплатни билети за доживотно патување со авион.
EgyptAir објави дека ќе додели доживотни авионски билети за нивните летови на девојчето родено на летот MS777.
Жена од Јемен, Хиам Наср Наги Дабан (38), во вторникот со помош на екипажот од авионот родила девојче .
Капетанот на авионот, кој заминувал од Каиро за Лондон, решил итно да слета во градот Минхен, откако бил информиран дека Дабан чувствува ненадејна, неочекувана болка, додека авионот минувал во близина на германскиот воздушен простор.
И’ покрај фактот дека било побарано итно слетување, бебето ја видело „светлината на денот“, а жената завршила со породувањето непосредно пред авионот да слета на аеродромот во Минхен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 најсреќни месеци во 2025 година и како најдобро да ги искористите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …