Бројот на загинатите во земјотресот во источните провинции на Турција, Малатји и Елазиг, достигнал 20. лица, додека 1015.се повредени,јавува Анадолија, повикувајќи се на службата за вонредни ситуации.,
Земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтер синоќа ја погодил Турција. Епицентарот на земјотресот кој предизвикал и голема материјална штета е забележан на длабочина од 10. километри во провинцијата Елазиг, околу 550. километри источно од престолнината Анкара, соопштил Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕСМСЦ).
Земјотресот се почувствувал и во околните градови Адана, Хатај и Османие, дури и на подрачје на северните делови на Сирија и Ирак.
После земјотресот биле забележани уште 60. дополнителни потреси со послаб интензитет меѓу кои и осум појаки од 4. степени спроед Рихтер.
Како што соопштила службата за вонредни ситуации, на лице место се наоѓаат 493., спасувачки тимови од 28. турски провинции.