Георгина Родригез му даде поддршка на Кристијано Роналдо на вчерашниот натпревар на Светското првенство во Катар.
Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии направени за време на натпреварот Португалија – Јужна Кореја. Таа беше во друштво на сестрата Ивана Родригез, нејзините деца и пријатели.
Партнерката на Роналдо реши да ги следи препораките за дискретно облекување за време на престојот во Катар, па облече елегантна кошула и фармерки.
View this post on Instagram
Оваа година беше тешка за Роналдо и неа. Нивниот син починал неколку часа откако се родил. Таа неодамна се отвори и зборуваше за тоа како се чувствува по трагедијата што ја доживеа во април.
„Големо парче од моето срце се скрши и се прашував како можам да продолжам понатаму. Имав одговор поблизок отколку што мислев. Гледав во очите на моите деца и сфатив дека единствениот начин е сите да бидеме заедно”, рекла таа.
Фото: Принтскрин/Instagram