Семејство од Скопје е еден од оние примери кога случајно се добива коронавирусот од контакти за кои и не сме свесни дека можат да бидат причина за заболување…
Поради сето тоа што го преживеале тие на својата страна на Фејсбук го споделија своето искуство…
„Сега кога сме подобри би сакала да ве известам дека утврдивме дека корона вирусот стаса од колегите од Србија кои без во работна посета на фирмата. Несвесни за болеста која ја носат, имаа контакт со голем број вработени.
Веднаш кога се разболевме, се повлековме мислејќи дека е грип.
Имавме три обиди да направиме тест за корона, но од Центарот за јавно здравје не одбиваа со објаснување дека штом не сме патувале, нема ризик од корона.
После 5. дена со температура над 39. степени, Зоран доби пневмонија, но ниту една болница не можеше да го прими поради ризик од корона. Најпосле се тестираше во болницата Филип Втори каде беше утврдено дека е заразен. Веднаш потоа се презедоа сите потребни мерки кои фала му на Бога дадоа резултати.
Препорачувам на сите да ги ограничат контактите и строго да се придржуваат до препораките за заштита од вируусот“, пишува Весна Кондратенко на својот провил на Фејсбук.