Хиларија и Алек имаат четири деца, а таа секоја своја бременост и деталите ги споделувала со своите следбеници на Инстаграм.
Хиларија Болдвин, сопругата на славниот холивудски актер Алек Болдвин, открила дека имала спонтан абортус и опишала како се чувствувала по тоа.
“Немаше отчукувања на срцето… Готово е”, напишала таа на својот Инстаграм профил под фотографијата со сопругот и четирите деца.
“Но, тука имам доста силни и неверојатни отчукувања на срца. Опкружена сум со љубов и се чувствувам многу среќно”, додала Хиларија.
Таа им се заблагодарила на семејството, пријателите и следбениците за тоа што ја слушале и поддржувале во овој тежок период.
“Заедно сме посилни… Се надевам дека овој дијалог ќе продолжи и дека ќе се држиме заедно низ убавите и предизвикувачките моменти во животот. Многу љубов и благодарност до сите вас”, заклучила Болдвин.
Хиларија и Алек имаат четири деца, а таа секоја своја бременост и деталите ги споделувала со своите следбеници на Инстаграм.
Инструкторката по јога пред помалку од една недела ги шокираше обожавателите со потресен статус во кој напишала дека можеби ќе го изгуби бебето.