(ФОТО) Софија Вергара измамува воздишки и во „обично“ издание

Актерката Софија Вергара папараците ја снимиле кога одела на шопинг. Без оглед на тоа што не била средена, актерката докажала зошто важи за една од најпосакуваните жени во Холивуд со толку релаксиран стајлинг.

Иако се приближува до својата петта деценија, една од најубавите актерки во Холивуд е секако Софија Вергара. Овој пат, Софија Вергара не шетала на црвениот тепих, во тоалета, со шминка и средена коса, туку папараците ја уловиле додека купувала на Петтата авенија, во Беверли Хилс.


Латино дивата носела тесна и кратка темно сина маичка, што особено ги истакнувало нејзините облини. Покрај тоа, таа комбинирала искинати фармерки со модерен крој. Целиот свој секојдневен стајлинг го надополнила со откачени црни сандали со висока потпетица на платформа.


Софија Вергара не успеала да им избега на фотографите, иако носела маска на лицето.
Да потсетиме, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ е најплатената актерка во светот според списокот на Форбс. Софија Вергара лесно остави зад себе многу поголеми холивудски имиња, вклучувајќи ја и второпласираната Анџелина Џоли, во споредба со која заработила осум милиони повеќе.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Совршени денови“ – Филмот на Вим Вендерс номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024 вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм …