(ФОТО) СО МАКИ ДО ТИТУЛАТА НА „ГРАНД“ – Шејла Зониќ сега е среќна со сопругот, а ТИЕ и давале пари: „Тоа беше пораз за мене!“

Шејла Зониќ, после елиминациите на крајот се најде рамо до рамо со македонскиот рокер Мики Секуловски, но според Саша Поповиќ, според добиените резултати, победила убедливо со 132.047 гласови повеќе од публиката.


Имено, Шејла открила дека сега живее во поткровје со сопругот, кој и е најголема поддршка, а во текот на животот имало моменти кога немала пари да ја плати киријата.
– Имаше различни коментари кога решив да се занимавам со музика. Татко ми имаше срцев удар кога тргнав во интернат, мораше да ја затвори фирмата но не се откажуваше од тоа јас да одам во школо, иако сите ми зборуваа да се испишам. Моите родители отсекогаш сакаа да одам во музичко училиште, исто како и јас. Одењето таму ми беше тешко бидејќи останав без тие пријатели од детството.


Шејла подоцна работела во џез клуб, а по џезот почнала да работи по концертни сали.


– Потоа, откако ги држав тие часови по пеење, се премина на онлајн часови и тие ангажмани исто така ми се намалија. Завршувам магистерски труд и немам пари да платам. Тука сестрите ми дојдоа на помош. Едната ми плаќаше кирија за три месеци, а другата ми плаќаше се што ми требаше за тој факултет. Тоа беше пораз за мене, бидејќи јас сум некој кој е навикнат сам да исфинансира се што сака. Потоа почнаа нападите на паника и анксиозноста. Се чувствував како да немам никој. Овде јадам ориз и кечап, потоа го засакав тој кечап што не го сакав порано (се смее), бидејќи не можев да барам од моите родителите затоа што татко ми беше болен, а сакав да одам на факултет и да живеам надвор од мојот роден град.

Извор: blic.rs
Фото: Фејсбук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …