(ФОТО) Славниот холивудски ерген тајно се оженил: Девојката му е бремена!?

Најпознатиот ерген Леонардо Ди Каприо тајно се оженил.
Камила Мороне, со која е веќе две години, наводно станала негова сопруга пред Оскарите, што се одржаа на 10. февруари.
За тоа веќе се шпекулирало затоа што тие по прв пат се појавиле заедно на церемонијата. Наводно, се венчале во тајност затоа што Камила е бремена.


Списанието тврди дека тие размениле завети на приватен остров на Бахамите, непосредно пред Наградите на Академијата.
„Тие се обидоа да направат сè скришно, но потоа решија да слават со неколку колеги. Имаше многу смеа, прегратки и солзи на радост“, изјавил анонимен извор.



Глумецот кој ја запознал Камила во април 2018. година, наводно ја запросил со помош на пријателот Бред Пит.
„Бред, која зад себе има веќе два брака, му дал на Лео некои упатства во врска со запросувањето за да се биде совршено. Се разбира, Камила се согласила“, тврди изворот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …