(ФОТО) Славната Оскаровка Кети Бејтс открила дека ослабела 45 килограми, нејзината трансформација не им се допаднала на многумина

Познатата оскаровка Кети Бејтс во серијата на CBS „Метлок“ покажала послаба фигура од кога било, а открила и дека ослабела 45 килограми.
Таа за Variety изјавила дека слабеењето придонело за нејзината издржливост и дека може да го носи товарот на серијата.
„Одлично ми помогна тоа што ослабев 45 килограми во последните шест или седум години. Мислам дека не сум била толку слаба откако бев на факултет“, изјавила актерката.

Бејтс вели дека 2011 година била најтешка.
„Го користев секој момент да седнам. Тешко ми беше да одам. Се срамам што си дозволив толку многу да ја изгубам формата, но сега имам огромна количина на енергија”, рекла таа.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by KATHY BATES 🎥🎬 (@_kathybates)


Сепак, оваа трансформација не им се допаднала на многу обожаватели на познатата актерка.
„Мило ми е што се чувствува подобро, но сега изгледа многу постаро“, „Мислам дека е поубава со некој килограм вишок“, „Ова не е Бејтс на која сме навикнати“, „Дали е до мене или порано изгледаше поубаво и поздраво“, го коментирале фановите слабеењето на популарната актерка.
Кариерата на Бејтс го достигна врвот кога актерката имаше 42 години. Потоа ја доби улогата на Ени Вилкс, психотична жена која киднапира познат писател во филмот „Misery“. Токму оваа улога и донесе Оскар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHY BATES 🎥🎬 (@_kathybates)

Денес оваа 76-годишна актерка вели дека годините не влијаеле на нејзините актерски ангажмани бидејќи никогаш не била типична убавица.
„Морам да признаам дека малку ми е мило кога ги гледам моите пријателки кои беа убавици, но кои повеќе не работат поради староста. Во мојот случај, би можела да продолжам да работам затоа што не изгледам така. Мислам дека не ќе ја добиев улогата во ‘Misery’ ако бев типична убавица“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHY BATES 🎥🎬 (@_kathybates)

Бејтс глумеше во „Six Feet Under“ и „The Office“ и доби Еми за нејзината гостинска улога во „Two and a Half Men“.
Покрај тоа, таа глумеше и во „”Harry’s Law“, „American Horror Story“, „Disjointed“, „The Miracle Club“, „Annie“, „Dolores Claiborne“, „Fried Green Tomatoes“, „Boychoir“ и бројни други филмови и серии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATHY BATES 🎥🎬 (@_kathybates)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест тивки знаци дека вашето тело може да биде во голема неволја

Вашето тело дури знае и како да сигнализира дека нешто не е во ред со …