Манекенката Рози Хантингтон-Вајтли позирала гола, а во коментарите следеле бројни реакции. Некои не гледаат ништо непристојно, додека други сметаат дека ова е недолично.
Таа се фотографирала додека лежи на кревет во салон за убавина во Лос Анџелес. Следеле поделени реакции.
„Повторно си гола?“, „Замисли да си мажена и да објавиш ваква фотографија“, „Ти си прекрасен пример за твоите деца“, „Да имав вакво тело, ќе бев гола цело време“, „Не гледајте на негативните коментари, вие сте феноменални“, се некои од нив.
Таа во мај објави и фотографија на која е гола во хотелска соба во Кан, со што го привлече вниманието на јавноста. Ниту тогаш не се огласи за негативните реакции.
Во 2010 година, таа соработуваше со брендот „Victoria’s Secret“, односно стана ангел на Викторија. Таа ја носеше нивната ревија во Њујорк, но после тоа донесе одлука да ја прекине соработката. Таа изјавила дека е свесна оти манекенките имаат краткорочни кариери.
И’ покрај тоа, таа продолжи да работи за голем број познати брендови, меѓу кои Prada, Burberry, Marks & Spencer и други. Таа се испроба и во кинематографијата. Таа се појави во филмовите „Transformers: Dark of the Moon“ и „Mad Max: Fury Road“.
View this post on Instagram
Рози во 2010 година започна да излегува со актерот Џејсон Статам. Тие се верија во 2016 година. Двојката ги има синот Џек Оскар и ќерката Изабела Џејмс.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram