Објавени се номинациите за 82. награди Златен глобус, а во конкуренцијата води филмот „Емилија Перез“. Селена Гомез, која е една од ѕвездите на овој филм, на својот Инстаграм се огласила за номинациите изразувајќи ја својата среќа и благодарност.
Селена на својот Инстаграм профил го изразила своето задоволство од номинациите, нагласувајќи колку е среќна за успехот на филмот „Емилија Перез“ и нејзините колеги кои исто така беа номинирани.
Таа на својата приказна на Инстаграм објавила видео на кое гледа како се емитуваат номинациите. „О, Боже“, извикала Селена.
„Не знам ни што да напишам. Толку сум горда на Зои Салдана и благодарна сум за номинацијата и ми е чест“, напишала Селена на својата приказна на Инстаграм.
Карла Софија Гаскон е номинирана за најдобра актерка во филм, додека Зои Салдана се натпреварува со Селена Гомез за најдобра споредна женска улога. Исто така, режисерот Жак Аудиар добил номинација за неговата работа на овој филм. Инаку, филмот „Емилија Перез“, криминалистичка комедија во режија на Жак Аудиар, освои дури десет номинации.
Добитниците на Златните глобуси ќе ги изберат 334 новинари од 85 земји, а ќе бидат објавени на 5 јануари на церемонија што ќе се емитува во живо на CBS и на сервисот за стриминг Paramount+.
Фото: Принтскрин/Instagram