Фондацијата „Арчевел“, управувана од принцот Хари и Меган Маркл, се нашла под лупа на јавноста откако било откриено дека недостасуваат повеќе од 4 милиони долари од нејзината најнова даночна пријава. Сите се прашуваат каде отишле парите, додека се очекува следниот даночен извештај кој би можел да ја разјасни ситуацијата.
Финансискиот пропуст доаѓа во непријатно време за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, која веќе беше означена како „деликвентна“ претходно оваа година. Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „Дејли мејл“.
Harry and Meghan's missing millions: Archewell Foundation didn't declare $4MILLION on latest tax return – as all eyes turn to Sussexes' upcoming declaration with questions over where money went https://t.co/esIquqyM92 pic.twitter.com/ubqgGHvNoj
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 29, 2024
Кои се донаторите на фондацијата?
Фондацијата добила две исплати од над 6 милиони долари во изминатите две години, но ниту една не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на „Арчевел“ можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.
View this post on Instagram
Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе била на удар и се сомневало во регуларноста на нејзиното работење поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сасекс тврделе дека проблемот е предизвикан од необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.
View this post on Instagram
Сите погледи вперени во даночниот извештај
Сите очи сега се вперени во претстојниот даночен извештај на Фондацијата „Арчевел“, кој се очекува на 15 ноември 2024 година. Доколку повторно се појават проблеми, тоа би можело да предизвика нови компликации за фондацијата, но и за Хари и Меган, кои веќе се осомничени за измама.
Фото: Принтскрин/Instagram