(ФОТО) Синот на Џони Деп работел во ресторан во Париз: Не копнее за слава и живее повлечено

Џек Деп, синот на Џони Деп и Ванеса Паради, бил вработен во ресторан во Париз. За разлика од неговата сестра Лили-Роуз, тој живее помирен живот и не копнее за слава.
Едуард Чуке, сопственикот на ресторанот изјавил дека Џек работел таму две години и дал отказ, но очекува повторно да се врати.

„Тој е прекрасно момче. Тој останува надвор од центарот на вниманието. Работеше во барот и во кујната. Тој беше добар работник. Замина пред неколку месеци, но очекувам да се врати следната година. Добар работник е тешко да се најде“, изјавил тој за Daily Mail.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Jack Depp 🦦 (@jackjohndepp)


Тој додал дека овој ресторан го води веќе 15 години и дека тука доаѓаат многу познати личности од светот на модата и филмот, меѓу кои и Ванеса Паради и Лили-Роуз Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Depp 🦦 (@jackjohndepp)

Ванеса во едно од претходните интервјуа изјавила дека не сака да ги присилува своите деца да го носат товарот на славата и дека самите ќе одлучат што сакаат да прават. Како што е познато, Лили-Роуз зачекори во светот на актерството пред неколку години.
Позната е по серијата „The Ido“, а неодамна излезе и филмот „Носферату“ во кој таа имаше улога. Џони и Ванеса беа заедно од 1998 до 2012 година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за …