(ФОТО) Син рај кој ги збунува научниците: Единствена појава на која никој не и ги знае причините

Неверојатната количина мраз опкружена со бесконечна шума привлекува огромен број туристи кои сакаат да видат чудо што се смета за осмо во светот ….
Од жешките чекори на тангото до глечерот – сето ова ве чека на патување кое не смеете да го пропуштите. Затоа не е изненадувачки што многумина ја нарекуваат културата и геологијата на Патагонија драматични и препорачуваат да ја гледате во живо.


Од огнениот Буенос Аирес до чилеанскиот Lake Districta; завеани планини, зелени водопади кои паѓаат над црни карпи формирани по ерупција на лава, чисти езера, вулкани, шуми и глечери, се само некои од атракциите што ве очекуваат. Една од најубавите сцени во Патагонија е зачудувачкиот глечер Перито Морено.


Неверојатната количина мраз опкружена со бесконечна шума привлекува огромен број туристи кои сакаат да видат чудото што се смета за осмо во светот Перито Морено е еден од најголемите извори на вода за пиење.


Огромни блокови сино-бел мраз се удираат во езерото Аргентино на секои две до четири години, предизвикувајќи силен удар и неверојатни бранови на површината на езерото, правејќи ја сцената незаборавна.


Драматичното шоу го гледаат оние кои имаат најголема среќа, а претставата започнува во март. Перито Морено е единствениот глечер кој расте, не се намалува како другите, но научниците сè уште не знаат што го предизвикало тоа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се …