АКТЕРОТ Силвестер Сталоне споделил со јавноста новости за здравјето на неговиот колега Брус Вилис, откако Вилис засекогаш се повлече од светот на филмот поради тешка болест на почетокот од оваа година.
Во интервју за The Hollywood Reporter, Сталоне открил како е Брус.
„Брус минува низ навистина, навистина тешко време. Тој не може да комуницира со никого. Тоа ме убива. Тоа е толку тажно“, рекол Сталоне. Вилис и Сталоне работеа заедно на два филма од трилогијата The Expendables, а Вилис беше заменет со Харисон Форд во третиот дел.
Кога дијагнозата на Вилис беше објавена во март, Сталоне беше меѓу првите кои стигнаа со порака за поддршка на социјалните мрежи. Заедно со неколку слики од Вилис, Сталоне напиша: „Се знаеме одсекогаш. Се молам за тебе и твоето прекрасно семејство“.
View this post on Instagram
Веста за дијагнозата беше објавена оваа пролет
Семејството на Вилис кон крајот на март потврди дека му била дијагностицирана афазија, разорна состојба на мозокот што може да доведе до губење на способноста за разбирање или изразување говор. Вилис целосно се повлече од јавниот живот и од неговото пензионирање речиси капка по капка излегуваат информации за неговото здравје.
Фото: Архива