Поранешниот модел, Софија стана членка на шведското кралско семејство во 2015. година, откако се омажи за Карл Филип, кој е син на шведскиот крал Карл Густаф
Шведската принцеза Софија вчера започна со работа во болница за да и помогне на нејзината земја во борбата против коронавирусот.
35.годишната Софија, која е во брак со принцот Карл Филип, заврши тридневен медицински курс во универзитетската болница во Стокхолм.
Потоа таа ќе помага во медицинската работа во болницата и во борбата против пандемијата, во која во скандинавската земја се заразени повеќе од 12.000 луѓе, од кои преку 1.200 починати, објави Daily Mail.
Универзитетската болница обучува до 80. лица неделно за поддршка на здравствениот систем на земјата, јавуваат локалните медиуми.
Поранешниот модел, Софија стана членка на шведското кралско семејство во 2015. година, откако се омажи за Карл Филип, кој е син на шведскиот крал Карл Густаф.
Пред нејзината венчавка, Софија имала успешна кариера како манекенка и sвезда во реалните шоуа.