Оваа фотографија предизвика голем интерес на социјалните мрежи
На прв поглед, застрашувачката оптичка илузија покажува жени во гума на надувување во облик на бик. Сепак, младата жена во средината изгледа екстремно ниско во споредба со нејзините пријателки, а нејзините стапала не можат да ја допрат земјата. Сликата веќе некое време ги збунува корисниците на интернет, но неодамна повторно стана вирална откако беше споделена од корисникот на TikTok @turbopopo кој редовно објавува збунувачки фотографии.
„Отпрвин мислев дека е многу ниска!“, напишал тој во описот. Фотографијата набрзо собра бројни прегледи и коментари додека корисниците се мачеа да сфатат што всушност гледаат. „Доволно сум искрен да признаам дека навистина морав да го испитам ова пред да го сфатам“, коментирал еден корисник. „Можеби ми требаше премногу долго за да сфатам што се случува“, признава друг, додека трет вели дека не може да разбере за што се кренала толку голема врева.
Во меѓувреме се јавила и девојката со „кратки нозе“.
Еден корисник објаснил: „Последната девојка е на грбот на ’ниската девојка’. Иако на почетокот збунувачка, жената со крената рака е сопственичка на „кратките“ нозе, а жената во средината ја носи на грб. Во меѓувреме под објавата се огласи жена која според виденото има „кратки“ нозе. Тијара Кокс, која вели дека жената е во центарот на фотографијата, рекла дека и е забавно да ја види илузијата што ја збунува новата генерација корисници на социјалните мрежи. „Хахаха се гледаме на ТикТок од објава на Редит пред три години. Јас сум ‘ниската’ девојка во средината“, коментирала таа на објавата.
Фото: Принтскрин/Tik Tok