Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт, Романија.
Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.
Гости на овој грандиозен настан ќе бидат Македонските репрезентативци кои утре ги очекува дуел со Украина во вториот меч од ЕУРО 2020. Се надеваме звуците на пијаното на Трпчевски ќе помогнат во клучниот меч на Македонските репрезентативци.
Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО 2020 ја сподели со фотографии и видеа од трибините на Националната арената во Букурешт преку своите профили на социјалните мрежи – Твитер, Фејсбук и Инстаграм.
View this post on Instagram
Celebrating the first participation of the Macedonian A National Football Team on the Euro Championship!
Прославување на првото учество на македонската фудбалска А репрезентација на Еврошампионатот!https://t.co/tmIzWHRs80 pic.twitter.com/fMezjbtwAJ— Simon Trpčeski (@STrpceski) June 14, 2021