(ФОТО) Шерон Стоун за мозочниот удар кој за малку ќе ја убиел: „Многу луѓе мислеа дека ќе умрам!“

Шерон Стоун се присетила на мозочниот удар што го доживеала во 2001 година.
Актерката (66) открила дека траумата од нејзината повреда целосно го променила начинот на кој функционира нејзиниот мозок и начинот на кој размислува.
– Срцето ми застана и потоа ме вратија. И додека тоа се случуваше, сè се промени. Мојот мирис, мојот вид, мојот допир. Не знаев да читам неколку години. Работите беа растегнати и видов шари на бои. „Многу луѓе мислеа дека ќе умрам“, изјавила Шерон за The Hollywood Reporter.


Актерката открила и дека изгубила заштеда од 18 милиони долари откако доживеала мозочен удар, кој предизвикал деветдневно крварење на мозокот, а закрепнувањето што следело траело седум години, во кои била отсутна од Холивуд и не можела да работи.
– Заштедив 18 милиони долари поради мојот успех, но кога се вратив на мојата банкарска сметка, сето тоа го немаше. Се беше на туѓи имиња – изјавила Стоун
– Имав нула пари.


Фoтo: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …