Пензионираната тенисерка Серена Вилијамс неодамна објави фотографии кои насмеа многумина ширум светот.
View this post on Instagram
Поранешната тенисерка моментално престојува во Италија, ужива во другата состојба, а во неодамнешната објава на Инстаграм ја искористи можноста да се пошегува на себе.
Таа ги споредила стомакот и задникот, па направила поза во која двете страни изгледаат идентично. Се’ зачинила со интересен опис.
„Не се секогаш работите како што изгледаат. Сериозно се обидувам да сфатам дали бебето е напред или назад”, напишала на шега славната тенисерка.
View this post on Instagram
За потсетување, Серена очекува второ дете со сопругот Алексис Оханијан, а веста ја сподели со јавноста на Мет Гала во 2023 година.
Оттогаш, честитки се слеваат од сите страни.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram